Револуција во Премиер лигата – преодниот рок се затвора во август!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англичаните денес изгласаа промена која ќе биде револуционерна во европскиот фудбал. Имено преодниот рок на Островот од следното лето ќе се затвора пред почетокот на Премиер лигата.

Тоа значи дека следното лето преодниот рок во Англија ќе се затвори на почетокот на август, поточно во четвртокот, ден пред почетокот на Премиер лигата. Полсе тоа англиските клубови ќе можат само да продаваат во лигите каде што ќе биде отворен преодниот рок, но не и да купуваат.

Оваа револуционерна одлука не беше донесена едногласно, но денес помина гласањето со само седум клуба кои гласаа против скратување на преодниот рок. Медиумите на Островот утрово најавија дека ќе биде неизвесно, бидејќи Кристал Палас и Ватфорд се против, а уште неколку клубови сериозно размислуваа да им се придружат.

Манчестер Сити, ВБА, Свонси и Њукасл ја покренаа оваа кампања за скратување на преодниот рок, а денес таа и официјално беше изгласана.

Сега проблем за Англичаните е што во останатите најсилни европски лиги трансфер пазарот ќе трае до 1-септември, но премиерлигашите ќе врпат притисок на УЕФА преодниот рок да биде скратен и во Шпанија, Италија, Франција и Германија.