Мбапе призна: Јас сум виновен што Дембеле е во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мбапе ова лето стана вториот најскап фудбалер во историјата на фудбалот, откако за сума од 180 милиони евра од Монако се пресели во ПСЖ.

На трето место е неговиот сонародник и пријател Дембеле, кој ова лето за 140 милиони евра се пресели на „Камп Ноу“.

Мбапе сега откри дека тој лично го советувал Дембеле да ја прифати понудата на Барселона и да се пресели на „Камп Ноу“.

„Разговаравме за неговата иднина и ме праша што да прави. Му предложив да ја прифати понудата на Барселона, бидејќи тоа е фантастична шанса за него“, истакна Мбапе.

„Дембеле има голем потенцијал и покрај Меси и Суарез може да постане голем шампион. Поседува неверојатен квалитет и верувам дека во Барса ќе направи голем исчекор во кариерата“, додаде новата ѕвезда на ПСЖ.