Ремек-дело на предвоената автомобилска индустрија: Alfa Romeo од 25 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во февруари, 2019 година, во Париз ќе се одржи аукциска продажба на која ќе биде понудено на наддавање и едно од ремек-делата на предвоената автомобилска индустрија од Италија, моделот на Alfa Romeo „8C 2900B Tourning Berlinetta“ oд 1939 година. Проценката е дека овој автомобилски раритет ќе достигне вртоглава цена од 25 милиони долари.

Во добата кога на сцена се уште не стапиле производителите како „Ferarri“ и „Lamborghini“, „Alfa Romeo“ бил синоним за елегантни и високоперформансни италијански автомобили кои будат страст за возење и од кои застанува здивот.

Тој модел, оргинално дизајниран со идеја да учествува во автомобилски трки, бил базиран на шасија „Alfa Romeo 8C 35 Grand Prix“.

Се наведува дека производната верзија користела за погон редовен осмоцилиндричен 2,9-литарски мотор опремен со два компресори.

Верзјата 2900B, за која станува збор, претрпела одредени промени во однос на оргиналната 2900, со цел автомобилот да биде покомфорен и посигурен, но и понатаму имала завидни перформанси на патот, со многу впечатлива надворешност.

Примерокот што ќе се најде на аукцијата е еден од само петте направени во таа конфигурација, во соработка со италијанскиот производител на каросерии, фирмата „Tourning“.