Регистрирани нови симптоми кои се појавуваат кај заразени од коронавирусот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако како главни и основни симптоми на Ковид-19 и понатаму сè зголемена температура и сува кашлица, но во меѓувреме се појавија уште симптоми, кои научниците ги класифицираат во, исто така, јасни показатели дека станува збор за инфекција со коронавирусот.

Болки во стомакот

Значи, досега дознавме и дека губењето на сетилата за мирис и вкус се, исто така, чест симптом. Покрај тоа, голем број случаи, според истражувањето на лекарите од Вухан, пред главните симптоми почувствувале и проблеми со органите за варење, главно во форма на пролив, болки во стомакот и повраќање.

Исто така, постојат и три благи симптоми на коронавирус кои се сосема атипични, како и конјунктивитисот. А, како што известуваат стручњаците од француското Национално здружение на дерматовенеролози, сè повеќе има случаи со невообичаени симптоми, кои немаат никаква врска со респираторните симптоми.

Еден од тие симптоми се ненадејни црвени дамки на кожата, како изгореници од коприва. Лекарите забележале и честа појава на промени на кожата во форма на лажни смрзнатини. Во моментот, научниците од Националното здружение на дерматовенеролози сè уште размислуваат за овие симптоми и не изразуваат конкретни ставови и проценти.

Збунетост

Покрај тоа, како што известува „Тајм“, некои пациенти доживуваат невролошки симптоми како конфузија и збунетост, како и боцкање во екстремитетите. Кај поодделни случаи се појавуваат сите симптоми на срцев удар, но без затнати артерии.