Сончев петок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крајот на оваа работна недела во Македонија носи сончево време, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до четири, а максималната од четири до 20 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 19 степени. Маврово 12, Охрид и Крива Паланка 16, Битола 17, Кавадарци 19, Берово 14, Дојран 20 степени.

Во наредните неколку дена следува период на стабилно и потопло време.