Редок астрономски феномен: Меркур во понеделник ќе помине точно пред Сонцето


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во понеделник, 11 ноември, ние Земјаните, ќе имаме можност да посведочиме редок астрономски феномен кога Меркур ќе помина пред дискот на Сонцето. Неговиот премин ќе започне во 13 часот и 35 минути.

Од нашиот регион ќе може да се види првата половина на транзицијата од нејзиниот почеток во 13 часот и 35 минути до средината на Меркур кој преминува пред Сонцето, што ќе се случи во 16 часот и 19 минути.

Втората половина од преминот нема да можеме да ја видиме, со оглед дека сонцето заоѓа во 16 часот и 39 минути. Транзицијата видлива за нашиот регион ќе трае 3 часа и 4 минути додека вкупното времетраење е околу 5 часа и 30 минути.

Овој феномен последен пат бил виден на 9.05.2016 година, а следниот пат ќе биде видлив на 13 ноември 2032 година.

Феноменот не е препорачливо да се гледа директно кон сонцето, дури и со очила за сонце или други пригодни уреди, бидејќи можат сериозно да го оштетат видот. Покрај тоа, планетата Меркур е мала и нема да биде видлива за око, туку само со телескопи опремени со специјални филтри.