Облачен и дождлив четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, четврток, 7 ноември, времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 18 Целзиусови степени, Маврово 12,Охрид 15, Битола 16, Кавадарци 21, Крива Паланка 16, Берово 15, Дојран 22.

И за утре прогнозата е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на југот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а дневните температури ќе бидат слични на денешните.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб умерен ветер претежно од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 13 до 22 степени.