Реал продава играчи за 300 милиони, а потоа шопинг кој ќе ја „потресе“ Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид ова лето ќе продаде пет фудбалери за околу 300 милиони евра, а потоа ќе следува шопинг со кој ќе бидат срушени сите трансфер рекорди.

Реал Мадрид донел одлука да ги продаде Бејл, Иско и Бензема, а од овие тројца фудбалери ќе инкасира вкупно 250 милиони евра.

Притоа, „кралевите“ најверојатно ќе ги продадат и Дани Себаљос како и Матео Ковачиќ, па вкупната сума ќе биде повеќе од 300 милиони евра.

После тоа Реал ќе тргне во шопинг кој ќе биде незапаметен во историјата на фудбалот!

Она што е сигурно дека Одриазола ќе пристигне на „Сантиаго Бернабеу“ за 40 милиони евра, и дека „кралевите“ работата на трансферот на голманот на Рома, Алисон кој ќе чини околу 60 милиони евра.

Тоа е само почеток, прва мета во нападот е Левандовски, а како алтернатива се споменуваат Икарди и Хари Кејн.

Сигурно ќе пристигне и еден дефанзивец. На радарот се Умтити од Барселона и Хименез од Атлетико Мадрид, а и двајцата фудбалери имаат откупна клаузула од 60 милиони евра.

На крајот Нејмар треба да биде „цреша на торатат“. Перез ќе направи СЕ за да го донесе Бразилецот на „Сантиаго Бернабеу“ и е спремен да плати 250 милиони евра.

Доколку не успее да го донесе Нејмар, како алтернативи се споменуваат Мохамед Салах од Ливерпул или Еден Азар од Челзи.

Сепак, едно е јасно – после две мирни лета, следува „бурна“ во Мадрид…