Реал не можеше да го издржи Партизан – дуелот прекинат поради жестока тепачка (снимка)


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Кошаркарите на шпанскиот клуб Реал Мадрид не можеа да се помират поради доминацијата на Партизан на паркетот, па за почнаа тепчка по која се прекина мечот при водство на црно-белите од 95-80, Јабуселе направи шокантен потег откако го преврте Ексум.

Партизан го надигра Реал Мадрид на негов терен, но мечот се прекина поради голем инцидент кој се случи на минута и пол до крајот.

Инцидентот почна кога Љуљ направи намерен фаул врз Пантер кој реагираше жестоко на ударот, но успеа да се смири и да не го удри противникот. Веднаш дотрча Јебуселе и настана хаос.

Најужасниот потег го имаше Јабуселе кој го фати Ексум за врат и го преврте на паркетот.

Судиите го разгледуваа инцидентот и одлучија мечот да биде прекинат. Победата е доделена на Партизан. А поединечни санкции за кошаркарите дополнително ќе бидат објавени.

Партизан води со 2-0 во серијата против Реал Мадрид, следниот меч се игра во вторник во Белград.