Петочна и викенд временска прогноза


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Денеска во Македонија ќе имаме сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје наутро свежо, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 20 степени. Maврово 10, Охрид и Битола 17, Крива Паланка 16, Берово 14, Кавадарци 20, Дојран 22.

За време на викендот и во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста, во недела и понеделник со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Дневната температура до недела ќе биде во пораст.