Home Шоубизнис Славни Рами Малек ќе глуми негативец во новиот филм за Џејмс Бонд

Рами Малек ќе глуми негативец во новиот филм за Џејмс Бонд

Оскаровецот Рами Малек ќе биде дел од актерската постава во новиот филм од франшизата за тајниот агент 007, пренесува ВВС.

Станува збор за 25. официјален филм за Џејмс Бонд, а потврда за ангажманот на Малек во ова филмско остварување беше соопштена на настанот посветен на најавениот филмски хит кој се одржа во Јамајка.

Малек освои Оскар за најдобра машка главна улога за толкувањето на ликот на рок легендата Фреди Меркјури во филмот „Bohemian Rhapsody“, а сега ќе имаме можност да го видиме во малку поинакво, „негативно“ издание.

Сценаристката Фиби Валер-Бриџ се придружи на екипата сценаристи кои работат на филмот, а името на новото продолжение со Џејмс Бонд уште не се открива за јавноста. Премиерата е закажана за април, 2020 година.

Ова ќе биде петти и последен пат Даниел Крег да го глуми славниот таен агент.

Load More Related Articles
Load More In Славни
Comments are closed.

Check Also

„Тешко ми е да играм со ‘овие’ две на мене“

Американската одбојкарка Кајла Симонс од почетокот на кариерата е во центарот на вниманиет…