Home Спорт Карачиќ: Овој тим со златни букви ќе биде запишан во македонската историја

Карачиќ: Овој тим со златни букви ќе биде запишан во македонската историја

Вардар вчера и покрај ситуацијата во која се наоѓа и објавата на Сергеј Самсоненко дека го напушта клубот го прегази ПИК Сегед во Скопје со осум разлика и дојде на чекор од пласман на фајнл-фор, пишува Спортски.мк.

Тоа беше и последен натпревар за голем дел од ракометарите пред домашната публика. Еден од оние кои ќе замине е Игор Карачиќ.

Карачиќ како и целиот тим на Вардар секако беше под големи импресии поради огромната победа.

„Би сакал да му се заблагодарам на целиот клуб, а исто и на Сегед затоа што беа спортски настроени кон Вардар и не не гледаа со потценување иако знаеа што не чека. Ја сфативме работата сериозно. Не сум сеуште свесен за атмосферата и што се случува. Овој тим со златни букви ќе биде испишан во македонската историја. Капа до под на Парондо кој направи одлична атмосфера пред натпреварот. Следи вториот натпревар и не одимие таму со бело знаме“, изјави Карачиќ после натпреварот.

Извор: Спортски.мк

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…