Најмалку 34 мумии пронајдени во скриена египетска гробница


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тим од египетски и италијански археолози открија најмалку 34 мумии во јужниот египетски град Асван. Остатоците потекнуваат од доцното фараонско и грчко-римско доба, меѓу шетстиот и четвртиот век пред нашата ера.

Покрај мумиите, археолозите пронајдоа и некои артефакти како керамика, насликани погребни маски и дрвени статуетки. Исто така, откриени се и вазни од битумен, кои биле користени за процесот на мумификација, како и носилки веројатно употребувани за пренос на телата во гробницата.

Недопрениот хиероглифски текст покажа дека оваа гробница, која со векови била сокриена под песокот, му припаѓа на трговскиот водач Тјт.

Калед Ел-Енани, египетски министер за антиквитети, ја повика Патриција Пјацентини, професорка по египтологија на Униеврзитетот во Милано, да ги спроведе ископувањата во Асван.

Пјацентини ја водеше арехолошката експедиција заедно со Абделманаем Саид од Министерството за антиквитети, додека инженерот Габриеле Бители ја лоцираше гробницата и изработи 3D реконструкција на пронајдените предмети.

Гробницата се состои од две гробни комори. Археолозите пронајдоа околу 30 мумифицирани тела во главната комора – 26 машки тела, како и тела од жена и деца, и уште четири други мумифицирани тела во другата комора. Се претпоставува дека двете мумии чии тела се преклопуваа се тела на мајка и нејзиното дете.

„Потребни се понатамошни истражувања со цел да се одреди точниот број на пронајдени тела. Знаевме дека Асван бил многу важен град во доцниот фараонски и грчко-римски период, но не знаевме каде точно се пограбени луѓето. Сега знаеме каде се. Од гробницата можеме да дознаеме што јаделе, како починале и кога починале“, вели Пјацентини за CNN.

Во некои од пронајдените садови уште имало остатоци од храна.