Ракометниот клуб Вардар го менува името


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна и спортска гордост, европски шампион Вардар, ќе го промени своето име и од 1 јуни ќе се вика Вардар 1961, соопшти новиот сопственик Михајло Михајловски за „Телма“ ТВ.

„Во фаза сме на преземање на клубот од Самсоненко. Кога тоа ќе се заврши, ќе пристапиме кон регистрирање на новиот субјект, кој ќе се вика Вардар 1961. Целта на идното раководство е да се изгради екипа која ќе има за цел четвртфинале на Лигата на шампионите, Ф4 во СЕХА лигата и двојна круна на домашна сцена. Голманското трио ќе го сочинуваат Кизиќ, Ристовски и Кантегрел. Потпишавме со Јагуриновски, а наскоро ќе знаеме и повеќе детали околу останатите засилувања“, изјави Михајловски.