Раиола му одговори на Солскјер: Да не мисли дека Погба е негов затвореник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер и агентот на Пол Погба, Мино Раиола влегова во отворен конфликт преку медиумите.

Солскјер му испрати порака на менаџерот на Погба да не зборува за Французинот како да е негова сопственост, затоа што тој е сопственост на Манчестер Јунајтед.

Сепак, не се чекаше долго но одговор на контроверзниот агент кој му порача на Солскјер да не мисли дека Погба е негов затвореник.

„Пол Погба не е нитто во моја, ниту во сопственост на Манчестер Јунајтед. Тој е Пол Погба. Не можете да бидете сопственик на некого, се надевам дека Оле во иднина нема да изјави дека Пол е негов затвореник“, истакна Раиола.

Можеби досега бев многу фин со него, но Солскјер треба да се потсети на зборовите кои му ги кажа на Погба во текот на летото. Можеби е фрустриран од различни причини. Мислам дека Солксјер во моментов има поголеми грижи од тоа што сум рекол јас за Погба“, додаде Раиола.