Работниот ракопис на Ајнштајн за теоријата на релативноста ќе се продава на аукција – проценет е на милионска сума во евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од работните ракописи на Алберт Ајнштајн за општата теорија на релативноста, кој се проценува дека ќе достигне вредност помеѓу 2 и 3 милиони евра, ќе биде понуден на аукција, објави аукциската куќа Кристи.

„Тоа е несомнено највредниот Ајнштајнов ракопис што некогаш бил понуден на аукција“, се вели во соопштението на Кристи.

Кристи ќе одржи аукција на 23 ноември за куќата Агуетес. Станува збор за оригинално дело на 54 страници, изменето во Цирих во 1913 и 1914 година од познатиот физичар со еврејско потекло и неговиот соработник и пријател Мишел Бесо, швајцарско-италијански инженер и сефардски Евреин.

Благодарение на Бесо, ракописот е зачуван, бидејќи Ајншатајн, кој го сметал за обичен работен ракопис, сигурно немало да се замара со него, објаснува Кристи во најавата.

По специјалната теорија на релативноста, која ја сумирал во 1905 година со формулата E = mc2, во 1912 година Ајнштајн започна да работи на општата теорија на релативноста. Ајнштајн и Бесо се справиле со проблемот што ја мачеше научната заедница со децении: аномалии во орбитата на Меркур. И успеале да ја решат таа загатка, се сеќава Кристи.

Друг добро познат документ од тој период, познат како „Бележник од Цирих“ од крајот на 1912 година и почетокот на 1913 година, е во архивата на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.