„Quo Vadis, Aida?“ прогласен за најдобар европски филм – Јасна Ѓуричиќ прогласена за најдобра актерка на 34. издание на ЕФА


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српската актерка Јасна Ѓуричиќ е добитничка на престижната награда за најдобра европска актерка за 2021 година на 34. Европски филмски награди (ЕФА).

Ѓуричиќ ја играше главната улога во филмот Quo Vadis, Aida ?, кој беше прогласен за најдобар европски филм, а неговиот режисер Јасмила Жбаниќ ја доби наградата за најдобар режисер.

„Сега имам доказ дека сум европска актерка. Прво сакам да се заблагодарам на тимот на „Quo vadis, Аида?“. Вие сте најдобрата екипа, секогаш ќе останете во моето срце. Благодарам на моето семејство, децата и сопругот“, рече Ѓуричиќ по доделувањето на наградата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jasna Đuričić (@jasnadjuricic)

„Ми даде нешто, ми даде можност и простор конечно да кажам се` што чувствувам за војните во поранешна Југославија. Јасмила, ти благодарам што зачекори таму каде што никој друг не се осмели да оди. Ова е награда посветена на сите жртви и мајки.“

Јасна Ѓуричиќ е српска актерка, родена 1966 година во Рума. Дипломирала на Академијата за уметности во Нови Сад, а до денес е добитник на бројни филмски награди. Меѓу другите, таа освоила четири награди Стерија и Златен ловоров венец на МЕСС.

Во 2014 година и била доделена наградата „Добрицин прстен“, најголемата награда во Србија што им се доделува на театарски актери за нивното животно дело. Таа, исто така, има постигнато голем број значајни улоги во филмот и телевизијата. За улогата во филмот Бело, бело сè, во режија на Олег Новковиќ, таа го освоила Сребрениот леопард за најдобра женска улога на филмскиот фестивал во Локарно во 2010 година, а за истата улога ја освоила наградата за најдобра актерка на филмскиот фестивал Les Arcs.