Филм / ТВ

Психолошкиот трилер „Mother!“ критичарите го оценуваат како вознемирувачки

Филмот „Mother“, во кој главната улога ја има Џенифер Лоренс, беше претставена на филмскиот фестивал во Венеција и иако собра добри критики, никој не го остави рамнодушен и многумина го оценуваат како вознемирувачки.

Десетина филмски критичари веднаш излегоа со реакции на овој психолошки трилер кој го режираше Дарен Аронофски, па 12 од вкупно 13 критики беа позитивни.

Но, тоа не значи дека филмот не беше и непријатен. Во него, покрај Лоренс, главната машка улога ја игра Хавиер Бардем, а во филмот нивната врска е ставена на тест откако ќе ги посети непоканет гостин.

Некои филмот го квалификуваат како „болно славен неред“, „болна шега“ и слично. Некои го споредуваат со „Rosemary’s Baby“ од Роман Полански и со психолошкиот трилер од Аронофски „Black Swan“.

Но, имаше и негативни критики.

„Толку очаен обид да биде луд и вознемирувачки, што сè што можеме да видиме е залуден напор и залудно потрошени пари. Не е ни чудо што во неговиот наслов има извичник. Аронофски едноставно не знае како да се откаже“, вели Стефани Закарек од Times.

Advertisements
To Top