Кајл Кук повторно упати пецкања кон Вест Вилсон, со кого порано настапуваше во реалното шоу „Самер хаус“, поради неговата врска со Аманда Батула. Во разговор за nine.com.au во петокот, на 27 ноември, Кук зборуваше за тоа дали нивната врска ќе опстане, но и за разводот со Аманда.
Кајл и Аманда ја објавија разделбата во јануари, по четири години брак. Тој сега очекува формалностите да бидат завршени до следниот јануари.
„Работите околу формалностите одат малку побавно — поради сите мои обврски и некои нерешени прашања, од кучињата до финансиите. Очекувам сè да завршиме до јануари, а тоа е еден начин да се затвори едно поглавје“, изјави Кајл за Nine.
Иако се чини дека разводот се одвива без поголеми тешкотии, откако Аманда ја почна врската со Вест, на социјалните мрежи имаше и јавни препукувања.

Аманда и Вест (31) потврдија дека се во врска во март, само два месеца откако таа и Кајл ја објавија разделбата.
Минатиот месец Кајл го нападна Вест во коментар на Инстаграм, кој подоцна го избриша. Во него го нарече „кокаински зависник што ѝ ги уништи животот и кариерата на мојата поранешна“.
Еден ден по коментарот, Кајл се осврна на нападот преку објава на својата приказна на Инстаграм.
„На интернет веќе има доволно негативност и последното нешто што го сакам е и јас да придонесувам за тоа. Затоа сакам да бидам јасен, а потоа нема повеќе да се навраќам на ова“, напиша Кајл на 29 октомври. „И покрај нашите разлики, секогаш ќе ми биде грижа за Аманда, а за луѓето што ми значат се борам жестоко. Понекогаш и премногу. Ова е емотивна и фрустрирачка ситуација и понекогаш дозволував чувствата да ме совладаат. Но, тоа не значи дека мојата загриженост е неоснована.“
Тој додаде: „На крајот, сакав и двајцата да добиеме можност во шоуто да ја кажеме својата страна. Но, Аманда има свој живот и сама ги носи своите одлуки, исто како што јас ги носам моите. Тука ќе застанам. Ви благодарам на сите ❤️.“
Извор: US Weekly