Home Вебкафе Проверете колку е денес потопол вашиот роден град од годината кога сте се родиле

Проверете колку е денес потопол вашиот роден град од годината кога сте се родиле

New York Times направи „онлајн“ апликација со кој можете да ја видите споредбената затопленост на вашето место на раѓање денес и во годината кога сте се родиле. Треба само да ги внесете името на градот и годината на раѓање.

Да, податоците најверојатно ќе ве запрепастат и можеби на сите нам ќе ни помогнат побрзо и поконкретно да сфатиме што сме направиле заедно за оваа наша планета во толку кратко време.

Сепак, уште полоша од споредбата „некогаш и денес“ е резултатот кој го дава апликацијата за предвидувањата за тоа какви можат да бидат годините кои следат во поглед на затоплувањето. Крако кажано – многу жешки!

Линкот до апликацијата го имате ТУКА.

Она што оваа апликација покажува е порастот на бројот на денови со температура над 32 степени Целзиусови на годишно ниво и тоа е она што претставува најголем проблем во земјите со зголемена влажност. Комбинацијата од високи температури и висока влажност е опасна и штетна за човечкото тело, бидејќи тоа не е така „скроено“ за да може во влажните, а жешки денови само од себе да се разладува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали правилно ги консумирате чиа семките? Сè што треба да знаете за максимални придобивки

Дали правилно ги консумирате чиа семките? Сѐ што треба да знаете за максимална корист Чиа …