Home Вебкафе Пронајдена подморницата со која Хитлер наводно избегал во Јужна Америка

Пронајдена подморницата со која Хитлер наводно избегал во Јужна Америка

Германската подморница која беше исчезната цели 73 години, а со која, според теориите на заговор, водачот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер, избегал во Јужна Америка при крајот на Втората светска војна, е најдена во близина на брегот од Данска.

У-3523 ѝ припаѓала на класата 21 и е една од подморниците дизајнирани за продолжен престој под вода. Нејзиниот дострел овозможувал непрекинато пловење до Јужна Америка.

Ја потопил британски бомбардер Б-24 либерејтор на 6 мај 1945 година, истиот ден кога сојузниците ја ослободиле Данска од нацистичката окупација. Притоа загинале сите 58 члена на екипажот.

Сепак, тоа што подморницата не беше најдена во последните децении поттикна многу гласини, вклучувајќи ја и таа дека Хитлер ја употребил за бегство во Јужна Америка.

Истражувачите потврдија дека нема докази дека кој било нацистички лидер се наоѓал во подморницата.

У-3523 е најдена во близина на Скаген, најсеверниот дански град, 15 километри подалеку од позицијата што ја означил екипажот на британскиот бомбардер.

Подморницата во моментот на потопувањето се движела кон Норвешка, а вкопана е во морското дно, на длабочина од 123 метри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…