Префинето уживање во звукот и музиката за 750.000 долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Калифорниските аудио специјалисти се подготвуваат да лансираат нов сет на подни звучници, кои ќе чинат 750.000 долари.

Сепак, тоа што навистина е неверојатно во врска со нив, е нивната тежина – секој елемент тежи околу 500 килограми.

Наречени „Magico M9“, овој пар звучници ќе биде главниот производ на калифорниската компанија, поточно на нивната „М“ серија. Колку што е неверојатна нивната цена, толку е неверојатен и нивниот дизајн. Покрај големата килажа, секој звучник е висок по нешто повеќе од 1.9 метри.

Секако, неверојатниот дизајн не е доволен за да ја оправда цената од 750.000 долари, па затоа брендот ветува револуционерно аудио искуство. Наводно, нивните нови звучници се први во светот кои користат школка со надворешни и внатрешни слоеви направени од карбон.

Овој скапоцен материјал ги намалува вибрациите и произведува беспрекорен звук.