Home Вебкафе „Да се застрела или не“ – Италија одлучува за судбината на една мечка

„Да се застрела или не“ – Италија одлучува за судбината на една мечка

Откако една мечка ги нападнала 59-годишниот Фабио Мисерони и неговиот 28-годишен син, Кристијан, за време на нивна прошетка минатиот понеделник, италијанските власти решија да ја заловат и егзекутираат мечката. Животното го гризнала синот, а му ја скршил ногата на татко му, пред да избега.

Правилата на Националниот институт за заштита на животната средина во Италија велат дека мечките што ги напаѓаат луѓето треба да бидат усмртени. Гувернерот на Трентино, Маурицио Фугати, ја потпиша наредбата за фаќање и убивање на мечката. Но, активистите за заштита на животните побараа мечката да не биде убиена и прво да се разјаснат околностите на инцидентот. 16.000 луѓе потпишаа петиција за да ја спасат мечката.

Дури и министерот за животна средина Серхио Коста, напиша писмо во одбрана на животното.

Под прашањето „Да се застрела или не“, Италија одлучува за судбината на оваа мечка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…