Home Актуелно Предлог закон за укинување на титулата Уметник од национален интерес

Предлог закон за укинување на титулата Уметник од национален интерес

Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија, е објавен за разгледување во единствениот електронски национален регистар, по што треба да влезе во процедура.

Се предлага Законот за националниот уметник да престане да важи. Имено, според Министерството за култура, Законот создавал нерамноправен третман помеѓу националните уметници и другите вработени во културата, кои имаат примања во многу помал износ од просечната плата во Република Македонија.

Признанието досега го добија: Пијанистот Симон Трпчески, режисерот Милчо Манчевски, пејачката на ромска и македонска народна музика Есма Реџепова Теодосиевска, оперскиот пејач Борис Трајанов, оперската пејачка Ана Дурловски и поетот Никола Маџиров.

Титулата почна да се доделува од 2011 година согласно посебно донесениот закон. Секој носител на титулата доживотно секој месец добива 60.000 денари и има право да му се издаде монографија за неговото творештво од буџетот на државата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…