Протест на земјоделците од Свети Николе, најавуваат и блокада на патиштата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Земјоделците од светиниколскиот регион денеска мирно протестираа, барајќи од Владата да преземе мерки за да се ублажат последиците и да се санираат штетите што ги претрпеле од сушата.

Според Љупчо Атанасов од Здружението „Овчеполски фармер“ oд Свети Николе, годинава земјоделците ја имале најлошата година, поради сушата имаат многу ниски приноси на пченицата и јачменот и големи штети на останатите земјоделски култури.

Тие бараат целосна исплата на субвенциите за 2016 година, да бидат ослободени за плаќање на концесијата за земјоделско земјиште, државата да интервенира и да им помогне во ветените мерки за финансиката помош за житарицата, 9.000 денари по хектар и за откуп на јагне 50 денари по килограм.

Тие побараа овие барања веднаш да бидат реализирани, во спротивно по 21 јули ќе организираат блокада на патиштата со својата земјоделска механизација.