Предизборен делириум во Русија: Прекрасни жени „сонуваат да се омажат“ за Путин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Хабаровск, руски град кој е лоциран на 30 км од кинеската граница, околу 250 возачи се собраа во неделата вечер за со своите автомобили да формираат линија во облик на лицето на Владимир Путин. Во исто време излезе песна, напишана од член на изборната кампања на Путин, во кое жени сонуваат да се омажат за рускиот претседател.

„Па, половина од неговото лице. Тие немале доволно автомобили за целата работа“, вели рускиот сајт Медуза.

Еден од организаторите, пак, изјави за новинската агенција РИА Новости дека овој флешмоб не е поврзан со кампањата на Путин. „Веќе некое време сакавме да направиме сложена композиција – нечиј портрет. Кога ја избиравме личноста, решивме дека ќе биде претседателот“.

Исто така, се појави и ново видео со поп-песна. Изведена од руската популарна група Фабрика и напишана од Игор Матвиенко, истакнат учесник во предизборните кампањи на Путин, „Вова Вова“ (името на Путин нагалено) е најновото музичко видео со убави жени што копнеат по Владимир Путин.