Пред народот скромен, а „млачел“ на Сејшели – видео од Груевски кога беше премиер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По неговото „мистериозно“ бегство од Македонија со цел да не лежи во затвор, Нова ТВ пренесува дека до нивната редакција стигнало видео од анонимен испраќач на кое Никола Груевски, во 2012 година, кога беше во зенитот на неговата премиерска функција, си уживал на егзотичниот островски рај Сејшели.

Според информациите кои ги пренесува Нова ТВ, престојувал во луксузен хотелски комплекс каде едно ноќевање чини неколку илјади долари. За тоа време, овде, пред граѓаните, се претставуваше како скромен политичар кој живее во скромен стан и вози Пунто.