Пред 15 години победи на Евровизија: Ви текнува на Руслана?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Еврсонг изданието во 2004 година, кое се одржа во Истанбул, победата ја однесе украинската пејачка Руслана која со својот настап и песна стана една од најголемите евровизиски ѕвезди во историјата на манифестацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana Official (@ruslana.lyzhychko) on

Руслана со сигурност е еден од петте ликови на кои еден просечен човек може да се сети веднаш кога ќе се споменат победници на Евросонг, а нејзиниот хит „Wild Dances“ стана еден од најголемите хитови во историјата кои биле отпеани на ова натпреварување.

Руслана денес има 45 години и во Украина уште важи за голема музичка и медиумска ѕвезда. Неодамна на својот Инстаграм профил напиша дека е категорично против тоа Украина да одбие учество на Евросонг. Таа ги потсети Украинците дека во 2004 година беше единствената која прифати да учествува на оваа манифестација и истата година Украина за прв пат победи на Евровизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana Official (@ruslana.lyzhychko) on

После победата на Евросонг, освен на музичката кариера, Руслана се посвети и на активизмот. Едно време беше и политички активна. Минатата година, на Евросонг натпреварувањето кое се одржа во Лисабон стигна како поддршка за украинската натпреварувачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana Official (@ruslana.lyzhychko) on

Од 1995 година Руслана е во брак со продуцентот и текстописец Олександер Ксенофонтов, кој беше автор на текстот за нејзината победничка песна на Евровизија.