Гаф на Заев: Да ставиме сидро кое што ќе влече напред


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерот, Зоран Заев, на вчерашната промотивна конвенција на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, од говорницата во спортската сала „Борис Трајковски“, направи гаф, велејќи дека Пендаровски како сидро ќе влече напред.

-Конечно да избереме претседател, да поставиме кормило, да ставиме сидро кое што ќе влече напред, ќе оди со позасилено темпо – рече Заев.

Како што рече тој Пендаровски ќе биде прв меѓу еднаквите.

-Со Стево одиме заедно напред. И затоа ќе биде прв меѓу еднаквите. Претседателот е татко на нацијата, затоа да си избереме после 10 години немање татко на нацијата. Затоа мои сограѓани редот на работите е токму тој, бираме претседател на земјата наша. Затоа се многу важни овие избори, патот по кој одиме, правецот кој ни е фатен, нема друг, ниту некој нуди друг, нема алтернатива, затоа што одговорот на прашањето како ќе ги задржиме младите е тој, во НАТО и во ЕУ, со реформи и стандарди, живот се носи овде во државата – додаде премиерот.

https://twitter.com/i/status/1113555939536310272