Милан започна преговори за „новиот Пирло“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


18-годишниот Сандро Тонали е новиот „бисер“ на италијанскиот фудбал и за неговиот потпис буквално се „тепаат“ најголемите клубови на Апенините.

Станува збор за играч за врска со исклучителна техника и визија, кој веќе го доби епитетот „новиот Пирло“.

Моментално игра за Бреша, но ги привлече вниманието на најголемите италијански клубови кои веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.

Рома, Интер, Милан, Јувентус и Фиорентина се силно заинтересирани да потписот на Тонали, а неговиот агент откри дека „росонерите“ се најблиску до неговиот потпис.

Имено, медиумите на Апенините откриваат дека спортскиот директор на Милан, Леонардо веќе се сретнал со неговиот агент и ги започнал преговорите за негов трансфер на „Сан Сиро“.

Тонали не крие дека е навивач на Милан и голем фан на Џенаро Гатузо, па тој самиот преферира да го облече дресот на „росонерите“.

Милан е спремен за неговиот потпис да понуди 20 милиони евра, додека Бреша во моментов бара најмалку 25 милиони евра за неговата слобода.