Home Спорт Ѕвездата на Јувентус се сели во Премиер лигата

Ѕвездата на Јувентус се сели во Премиер лигата

Крилниот фудбалер на Јувентус, Даглас Коста ова лето ќе биде цел на многу клубови и многу веројатно ќе ја промени средината.

Коста во моментов се опоравува од повредата, една од многуте поради што и оваа сезона помалку го гледавме на теренот, но без оглед на тоа, тој ќе има многу понуди за продолжување на неговата кариера.

За неговите услуги се заинтересирани англиските гиганти Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Манчестер Сити. Споменатите клубови ова лето ќе направат се што е во нивна можност за да дојдат до неговиот потпис.

Даглас Коста има договор со Јувентус до 2022. година, но со оглед на тоа што не игра многу, дури и кога е целосно подготвен, веројатно ќе одлучи да си замине.

Пред Јувентус, Коста играше за Баерн Минхен и Шахтјор. Во текот на оваа сезона запиша 24 натпревари на кои постигна еден гол и запиша две асистенции.

Италијанските медиуми пренесуваат дека во моментов Тотенхем е најконкрентен и веќе стапил во конаткт со Јувентус, па е спремен да понуди 50 милиони евра за Бразилецот.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…