Home Спорт Познато е со кого Абрамович преговара за купопродажба на Челзи

Познато е со кого Абрамович преговара за купопродажба на Челзи

Рускиот тајкун и сопственик на Челзи, Роман Абрамович, преговара за продажба на англискиот фудбалски гигант.

Во медиумите на Островот веќе на големо се пишува и кој преговара со рускиот тајкун. Наводно станува збор за швајцарскиот милијардер Хансјорг Вус. Вус е најбогатиот човек во својата земја „тежок“ околу пет милијарди евра.

Во медиумите веќе се пренесува и изјава на Вус.

„Абрамович сака да продаде сè во Англија и Челзи и своите вили“, потврдил Вус.

Наредните денови би покажале дали може да има договор, проценката е дека Абрамович не сака да ризикува запленување на имотот во Англија. Во Англија тој може да влезе само со туристичка виза затоа што доби израелски пасош, но со оглед дека е близок соработник на Путин би можел да стане персонан нон-грата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…