Познатата феминистка избркана од работа – сексуално вознемирувала студент


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во светски рамки познатата филозофка и феминистка со истакнат активизам, како и професорка по германски јазик и компаративна книжевност на њујоршкиот универзитет, Авитал Ронел, беше обвинета за сексуално вознемирување на поранешниот студент Нимрод Реитман, поради што е суспендирана од нејзиното професорско работно место.

11 месечната истрага утврди дека професорката Ронел е одговорна за физичко и вербално сексуално вознемирување и дека нејзиното однесување било доволно влијателно за да ги промени условите на студентското опкружување на Реитман.

Реитман наведе дека таа сексуално го вознемирувала три години, пишувајќи му мејлови во кои му се обраќала со „Мој најобожаван“, „Слатко бебе“, „Кокер шпаниел“ и „Мој прекрасен Нимрод“.

По завршувањето на овој случај, група на истакнати научници од целиот свет потпишале писмо со поддршка на професорката Ронел, а прва меѓу потписниците била една од највлијателните феминистки на денешницата, Џудит Батлер, како и светски славниот филозоф Славој Жижек.

Во писмото испратено до Универзитетот, научниците тврдат дека го виделе односот на професорката Ронел со студентите, а некои тврдат дека го знаат лицето што ја започнала оваа злонамерна кампања против неа. Професорите гарантираат за нејзиниот карактер и интелектуална посветеност и бараа кон неа да се постапува со достоинство, согласно заслугите на личност со нејзина меѓународна репутација.

Реитман, кој сега има 34 години и моментално е на Харвард, тврди дека професорката Ронел го бакнувала и допирала многу пати, спиела во неговиот кревет со него, барала од него тој да легне во нејзиниот кревет, го држела за рака, му пишувала пораки, постојано му се јавувала и одбивала да работи со него ако не ѝ удоволел.

Во сета оваа приказна треба да се има на ум тоа што Реитман е хомосексуалец и сега оженет е со маж. И професорката Ронел е хомосексуалка.

Во изјава за „Њујорк Тајмс“, Ронел негираше дека станува збор за сексуално вознемирување: -Нашата комуникација, за која Реитман сега тврди дека е сексуално вознемирување, беше врска помеѓу двајца возрасни, геј маж и лезбејка, кои ја делеа склоноста кон екстравагантна и неформална комуникација, што доаѓаше од нашата заедничка академска средина и сензибилитет. Овие комуникации тој постојано ги поттикнуваше и на нив одговараше во период од три години.

„Ги стави моите раце на нејзините гради, и го притискаше задникот на моите препони. Ме бакнуваше, ги бакнуваше моите раце, моето тело“ – рече Реитман. Следното утро, тој ѝ кажал дека настанот претходно не бил во ред.

За време на ураганот Сенди во октомври 2012 година, професорката се појавила во неговиот стан бидејќи кај неа снемало струја. Тој вели дека и покрај неговите забелешки, таа го убедила да спијат двајцата во неговиот кревет. Кога легнале заедно, таа го допирала и бакнувала секоја вечер речиси една недела.

За случката професорката изјави дека воопшто не е точна и дека поминала во станот на Реитман две ноќи, и тоа поради поканата од Реитман.

Извор: Факултети.мк