Home Спорт Позитив и победник на денот: Куче асистент на прв тренер, го следи буквално секаде! (ФОТО)

Позитив и победник на денот: Куче асистент на прв тренер, го следи буквално секаде! (ФОТО)

Една од најинтересните, луди приказни, ни доаѓа од Паргвај.

Имено, „асистент“ на главниот тренер на парагвајскиот Спортинг клуб 2, Карлос Јара Сагуер е Таспаро и тука не би било ништо чудно ако Теспаро не беше – куче!

Јара на медиумите им објасни како се започнало.

„Му дадов парче пита и од тој ден секогаш кога доаѓам на работа ме поздравува и не сака да се одвои од мене. Тој е чувар на клубот, живее овде, кога се затворени капиите изгледа застрашувачки, но преку ден е многу дружељубив“, изјави тренерот на споменатиот клуб.

Кучето по има Теспаро редовно го следи тренерот и при водењето на тимот покрај аут линијата, но и при давањето интервјуа.

„Едноставно не сака да се одвои од мене. Тој ми е партнер во сите авантури кои ги имам во овој клуб“ заврши Сагуер.

https://twitter.com/gbobadi/status/1037143130594832384

kuce asistent

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…