Падна договор: Привремено „примирје“ помеѓу Мурињо и Погба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Манчестер Јунајетд, Пол Погба нема да го напушти „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.

Наводно, Жозе Мурињо и најскапиот играч на тимот ги „закопале секирите“, или барем привремено, па Погба го известил својот агент дека сигурно останува до крајот на сезоната.

Со месеци е шпекулира дека Погба сака да си замине од Манчестер Јунајтед, па дури излегоа информации дека се договорил со Барселона и ќе бара трансфер во јануари.

Тоа би го уништило имиџот на „црвените ѓаволи“, па Мурињо се потрудил да го одложи овој потег барем до летото.

Погба дал потврден одговор, но се очекува да замине во јуни и ништо не може да го задржи на „Олд Трафорд“. Тој е разочаран што не е најскапиот играч во клубот или барем не е блиску до платата која ја добива Алексис Санчез.