Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Улицата која врви пред градскиот стадион во Скопје, арената „Филип II“, меѓу градскиот парк и стадионот, симболично го доби името „улица Столтенбергова“, во чест на таткото на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Годинава се навршуваат 55 години од катастрофалниот земјотрес, но годинава и се збогуваме со големиот пријател на Скопје, Торвалд Столтенберг, чии дела скопјани се уште ги паметат, како и неговата несебична помош која ја даде по катастрофалниот земјотрес. Со негова помош се изгради Детската болница во Козле, норвешките бараки и имаше голема заслуга за координацијата на активностите на Црвениот крст на Шведска и Норвешка, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на именувањето на новата улица во градскиот Парк по таткото на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува Нова ТВ.
„Судбината сакала овој град да е поврзан со семејството Столтенберг секогаш кога ни е тешко, додаде Шилегов кој се заблагодари на генералниот секретар на НАТО за помошта што ја дава на земјава. Искрено се надевам дека до година ќе биде генерален секретар и на Армијата на Македонија.
Столтенберг кажа дека бил мал кога се случил земјотресот во Скопје, но дека се уште ги памети разрушените згради.
-Во срцето на мојот татко секогаш имаше посебно место за Скопје и знам дека ќе беше почестен со именувањето на улица по него. Првиот пат го посетив Скопје во 60-ите години. Бев дете и мојот татко работеше во норвешката амбасада во Белград. Тој отсекогаш имаше посебна врска со Скопје, бидејќи ја координираше помошта што доаѓаше од Норвешка по земјотресот. Не се сеќавам на многу, но тоа засекогаш остави силен впечаток врз мене, рече Столтенберг на свеченоста која по овој повод се одржа во Градскиот парк, на која присуствуваат градоначалниците на сите скопски општини.