Потрес во Барса: Луис Енрике заминува на крајот на сезоната!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дали навивачите на Барселона повторно ќе доживуваат драма како во 2012 година Пеп Гвардиола изненадно го напушти каталонскиот гигант.

Гвардиола тогаш на големо изненадување на сите објави заминување од Барселона, а одлуката ја донесе, како што тврдење, поради големиот стрес и потребата за одмор.

Актуелниот тренер на Барса, Луис Енерике одбива да потпише нов договор, а тоа предизвика паника каја каталонскиот клуб со оглед на фактот што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

„Одлуката за мојата иднина ќе ја донесам пред 30-ти јуни 2017 година“, неодамна изјави Шпанецот.

Поради тоа Барселона како и секој сериозен клуб мора да разгледува и други опции за следната сезона, за да биде припремена доколку Луис Енерике реши да го напушти клубот.

Шпанските медиуми тврдат дека прва опција во тој случај ќе биде тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли бидејќи неговиот стил е сличен на стилот на Гвардиола и неговите тимови играат со интензитет, пресинг и напаѓачки.