После 65 дена, денес прв ден без полициски час


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, утрово во 5 часот, заврши последниот полициски час во државава кој беше воведен пред 65 дена, на 22 март.

Ваквата одлука беше донесена вчера на седница на Влада, а според премиерот Оливер Спасовски попуштањето на мерките е врз основа на исполнети услови, анализа и стручо мислење на епидемиолозите од Комисијата за заразни болести.

Останува на сила мерката за задолжително носење на заштитна опрема, како и одржување на потребната физичка дистанца од 1.5 до 2 метра.

Во продолжение неколку одлуки од вчерашната седница:

Укинат полицискиот час.

Угостителските објекти започнуваат со работа од четврток со прецизни протоколи во зависност дали се затворени или имаат тераси.

Од 1 јуни 2020 година престанува да важи мерката за ослободување на различни категории вработени лица кои беа ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности. Ова не важи за хроничните болни, а отстапка во оваа одлука имаат и родителите кои имаат деца на возраст до 10 години или деца на претшколска возраст.

14 дневната изолација се менува со самоизолација само доколку лицата приложат негативен ПЦР тест за коронавирус направен во последните 72 часа.

Сите лица кои се во државен карантин, на свој трошок, можат да направат ПЦР тест во објектот каде се сместени и доколку имаат негативен тест ќе бидат упатени во домашна самоизолација.
Усвоен е и протокол за странски дипломати акредитирани во земјава, како и за членовите на нивните семејства, па така ако приложат медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа ќе можат непречено да си ја извршува својата работа, без упатување во домашна самоизолација.

Владата ги задолжи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да направи јасна и прецизна проценка за отворање на државните граници, како и да подготват соодветни протоколи за влез и излез на и од територија на Македонија.

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, треба да подготви соодветни протоколи за работа на хотелите.

Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19.
Финансиска поддршка за лица во дејноста култура и право на надомест за тие што останале без работа
Вкупниот број луѓе кај кои е потврден коронавирусот во земјава вчера надмина две илјади, односно достигна 2014 од почетокот на епидемијата.

Тие се дијагностицирани во точно три месеци откако на 26 февруари кај нас беше потврден првиот позитивен на КОВИД-19. Оздравени се 1453, 116 пациенти починаа, а активни случаи има 445.