Среда со променливо време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последната мајска среда во Македонија носи променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 19 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид 17, Крива Паланка и Берово 16, Кавадарци 21, Дојран 22.

И утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 13 до 24 степени.