Home Вебкафе Портал како од „митски свет“: Настанувањето на оваа дупка крие неверојатна приказна

Портал како од „митски свет“: Настанувањето на оваа дупка крие неверојатна приказна

Португалскиот планински венец Сера де Естрела крие огромен вир кој изгледа како премин во некоја друга димензија.

Станува збор за дел од постројката на хидроелектраната на највисокиот планински венец во Португалија, познат под името Ковао до Кончос. Верувале или не, оваа филмско-бајковита сцена не е дело на природата или на некоја натприродна сила, туку на вредната човечка рака.

Станува збор за тунел изграден во 1955 година долг 1.519 метри, кој ја влече водата од реката Навес до браната во лагуната Комприда. Може да искрепи до 120.000 кубни метри вода, пренесува Portugal visto do Ceu.

Тунелот е опкружен со стебла и трева, па влезот изгледа како некој митски портал од легендите, а бидејќи уште не е толку популарен, таму, ако се одлучите за малку подолга планинарска тура, можете да уживате во целосен мир и планинска осаменост.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…