Home Актуелно Продолжува штрајкот на грчките земјоделци, Евзони и понатаму затворен за сообраќај

Продолжува штрајкот на грчките земјоделци, Евзони и понатаму затворен за сообраќај

Граничниот премин Евзони на грчко македонската граница и понатаму е блокиран од грчките земјоделци кои штрајкуваат против владината политика за земјоделскиот сектор. И двете страни од преминот се блокирани со неколку десетици возила и не се дозволува никој да ја премине границата.

Засега нема информации до кога ќе трае блокадата и кога земјоделците планираат да дозволат протек на возилата кон Грција или Македонија. Според информациите во Грција, преминот е блокиран од завчера попладне во 16:30 часот, од група земјоделци од Северна Грција. Блокадата е поставена на 200 метри од граничниот премин, но и на споредните патишта што водат кон преминот.

Групата земјоделци кои блокираат на Евзони од вчера попладне се засили со нов број нивни колеги од места од Северна Грција и околу Солун.

Покрај Евзони, блокирани се и различни делови на Солун и автопатот кон Халкидики, како и автопатот Солун за Атина. Земјоделците се обидуваат да го блокираат и граничниот премин Промахонас кон Бугарија.

Се очекува демонстрантите деновиве да разговараат и заеднички да одлучат за следните чекори во протестите против владата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…