Поради коронавирусот, клучевите од новокупените автомобили во Кина се доставуваат со дрон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Купувачите на нови автомобили во Кина, заради мерката социјална дистанца како превенција од ширење на коронавирусот, клучевите од новокупените автомобили ги добиваат преку достава со дрон.

Кинескиот гигант Гели овој креативен начин на достава кој истовремено ги запазува превентивните мерки против коронавирусот кои уште се на сила во Кина, на големо го применува во пракса.

Гели го претстави својот модел Icon преку социјалните мрежи, а потоа започна продажба во моментот на најголемото ширење на коронавирусот во кинеските региони. Воведувањето на онлајн продажба и испорака се исплатеше – нарачани се 30.000 примероци.

Се разбира, добриот маркетинг не застана тука, па тие воведоа систем за вентилација што не дозволува загадувањето од воздухот да навлезе во кабината. N95 сертифицираниот систем за прочистување на воздухот (IAPS) блокира најмалку 95% од многу мали (0,3 микрони) честички, а со тоа и во одреден дел и од коронавирусот.

И бидејќи производството во кинеските фабрики за автомобили е во голема мерка автоматизирано, не претрпе занчителна штета и покрај карантинот. Автоматизацијата и вештачката интелигенција овозможија производството да продолжи со минимален ангажман на луѓето.

И, конечно, испораката на автомобилите. Geely Icon се испорачува пред влезот на купувачот, целосно се дезинфицира, а клучот на сопственикот ќе му го достави од дрон.

Досега 110.000 корисници изразија интерес за овој вид испорака на автомобили, а 10.000 од нив веќе ја платиле и ја одобриле испораката.