Хотелите во Германија се затворени за сите, освен еден крал и неговиот харем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пандемијата на коронавирусот која го тресе светот, ги принуди германските хотелиери да ги затворат сите хотелски капацитети за гости. Привилегија оваа забрана да не важи ја има само тајландскот крал.

Кралот на Тајланд Маха Ваиралонгкорн и неговата придружба, неколку жени и слуги добија специјална дозвола да се засолнат во хотелот Гранд Соненбич, кој се наоѓа на падините на Алпите во јужна Германија.

Портпаролот на локалните власти во Гармиш-Партенкирхен потврди дека хотелот добил посебно одобрение за сместување на богатите гости.

„Тие се единствена, хомогена група на луѓе кои не се движат каде било“, рече тој.

67-годишниот тајландски крал ја сака Баварија и честопати поминува многу време таму во текот на годината , а поседува и вила на езерото Старберг.

Кралот не ја напуштил својата земја заради ширењето на коронавирусот, но се нашол во Германија, па очигледно решил засега да не се врати.

Поради ова, тој е критикуван на социјалните мрежи на Тајланците кои живеат во странство, но оние во татковината не смеат, затоа што навредата на кралот е незаконско.