Како нов: BMW 740i 23 години чуван во „стаклено ѕвоно“ пуштен на продажба


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Примерок од моделот BMW 740i, произведен во 1997 година, со изминати само 255 километри, цели 23 години бил чуван под „стаклено ѕвоно“ и денес е речиси буквално како скоро изваден од фабрика.

На германски „eBay“ се појави интересен оглас кој привлече огромен број на вљубеници во БМВ.

Овој примерок од германскиот автомобилски производител на 21 март е огласен за продажба на eBay. Овој примерок на BMW e серија 7, генерација Е38, за кој се наведува дека е прв пат регистриран 1997 година, и истата година поминал само 255 км.

Од некоја причина, автомобилот потоа е гаражиран и чуван во пластичен меур со механичка циркулација на воздух.

Како што се наведува во огласот, првиот сопственик била една госпоѓа родена 1927 година, која таа 1997 година со автомобилот поминала само 255 километри.

Од кога на 21 март започнало наддавањето, пристигнале 46 понуди од заинтересирани купувачи, а највисоката лицитирана сума во моментов изнесува 50.700 евра.

Аукцијата завршува на 31 март, па се очекуваат повеќе понуди.

Што се однесува до самиот модел, BMW 740i, тој во себе има 4.4 литарски „V8“ мотор кој испорачува 286 коњски сили. Моторот е поврзам со 5 степен автоматски менувач.