Поповите „на терен“ против коронавирусот – со света вода и црковна музика


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Литии со молитва да престане пандемијата на коронавирусот во Македонија беа изведени во градовите од Повардарската Епархија на МПЦ-ОА. По улиците на Велес, Неготино, Кавадарци, Гевгелија, свештеници качени на возила, ги попрскуваа улиците и од разглас се пушташе црковна музика.

„Следејќи ја традицијата на Светата Православна Црква, кога за време на војни, суша, земјотреси, епидемии и други несреќи, во минатото биле спроведувани литии со икони, крстови, света вода и свети мошти, со благослов на Митрополитот Повардарски Владиката Агатангел, денес, во сите градови и населени места од Повардарската епархија со света вода беа попрскани улиците, беше прочитана молитва и беше побарано благослов од Бога за престанок на глобалната пандемија и на погубната зараза. Следејќи ги препораките од државните органи, за да не се собира голем број на народ, Владиката Агатангел, благослови овој чин свештенството да го отслужи во движење, со помош на возила, што е редовна пракса при вакви вонредни состојби и во други држави и помесни Православни црквa“, напишаа на официјалната страница на Повардарска епархија МПЦ- ОА.