Поминаа 45 години: Еве како изгледа денес девојчето од култниот хорор „The Exorcist“


Традицијата вели: Аргентина ме демантира!? - 14 ден ↓↓↓



Дури и најтврдокорните фанатици за хорор филмови тешко дека можат да го заборават искуството кое го имале гледајќи го кулниот „The Exorcist“ од 1973. Подоцна овој филм доживеа низа „римејк“ изданија, но веројатно тешко дека било кое успеа да го надмине ефектот и влијанието кое оригиналот го имаше врз публиката.

Улогата на опседнатото девојче Реган во филмот ја играше актерката Линда Блер, која тогаш имаше 14 години. За таа улога Линда доби Златен глобус, а се појави и во продолжението Exorcist II: The Heretic, снимено четири години подоцна.

После овие нејзини улоги, таа сними уште неколку помалку познати филмови, а од 2001 до 2003 година го водеше реалното шоу „Најстрашните места на Земјата“.

Денес има 59 години, а најпозната е како активистка за правата на животните. Ја основаше Linda Blair WorldHeart Foundation која се занимава со рехабилитација и вдомување на животни.