Полина Гурјева која го освои првиот олимписки медал за Туркменистан богато наградена од државата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Туркменистанската кревачка на товар, Полина Гурјева, на игрите во Токио го освои првиот олимписки медал во историјата на независен Туркменистан во дигање тегови.

Таа беше србрена во категоријата до 59 кг, а државата за големиот успех богато ја награди. Гурјева доби стан, автомобил и 50.000 долари на сметка.

На свеченоста што ја водеше Сердар Бердимухамедов кој е син на претседателот на државата Гурбангули Бердимухамедов, олимпијката доби три бели лакирани кутии.

Во едната беше клучот од станот во другата клучот од колата и во тртиот чекот со парите. Туркемнистан се одвои од советскиот соиуз пред 30 години и многу често е на силен удар на борците за човекови права поради наводно кршење на граѓанските, верските и медиумските права.