Поезија за душа: „ПУШКИН“ – Никола Ј. Вапцаров


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Русија – мрак.
Русија – гнет.
Кинатица негибната в шир.
Вертеп. –
Жесток стивнат мир.
На север – тундри, ветришта,
на југ – бескрајни диви степи.
А времето не брза, се влечка
небаре бездомно
куче
старо.
Ти беше туѓ и непознат.
Тогаш, за твоите песни
не знаеше припростиот народ.

Но, ете денес –
задружниот труд,
и задружниот човечки врвеж, се спогодија
и со таа општа светлина
еден среќен живот родија.

Сега е друго. Ене на:
еден работник,
млад стругар,
за време на пладневниот одмор
читаше во книгата поднасмевнат
и те осети ко другар,
Те разбра бидејќи може
да гледа ѕвездите убавици
на небоно јасно како гаснат,
како изутрина сонцето блешти
преку подросената со искри
пространа степа.
Тој има леб,
и уште гордоста,
дека таму – во фабричкиот трескот
неговата мозолеста рака
една епоха твори.
И нетревожен тој сфаќа
кој во него песна створил.
Го сфаќа гневот на Мазепа мрачен,
на Ленски – пролетниот слад,
што одминал, пред цвеќињата
на песните да расцутат.
Ја разбира тој жестоката смрт своја
и таа суета гнила,
што некаде длабоко ројак
од пипки отровни испружила,
и го шмукала со страсна злоба
животот на еден поет,
но, не успевајќи во својот пробив-
си тргнал животот пак нанапред,
ги урнал животот тие тесни
ѕидови, а народот пак чуден бил
и во своите волшебни песни
и во својот живот се заљубил.

Девојка една од колхозот
си сака морнар млад.
И така – неволно и лесно
ги пее таа своите песни.
И потоа подзапира. –
Златна шир
наоколу. И класови.
А устите ко алев мак
расцутени ѝ стануваат:
„Ах, колку радосно е да се живее
сакан мој морнару млад!“
Тоа е таму.
Но, ете, денес –
зошто ли? – не знам,
но, јас се учам
секој свој протест да го пишувам
и многу искрено
и многу звучно.