Почнаа подготовките за традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од 7 до 25 декември, по 8-ми пат во Прилеп ќе се одржи традиционалниот турнир во мал фудбал и е по повод патронот наградот – „Свети Никола“.

Ова беше соопштено на денешната прес конференција на локалната самоуправа со прилепскиот Спортски сојуз, на која беше потпшишан и Меморандумот за соработка на организаторите на турнирот- локалната самоуправа и Спортскиот сојуз.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски нагласи дека и годинава турнирот има хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат наменети за децата со ретки болести.

„Продолжуваме со реализација на турнирот во мал фудбал што се одржува по повод патронот на градот „Свети Никола“. Со Спортскиот сојуз од Прилеп склучивме Меморандум за соработка со што ги одредивме заедничките интереси за одржувањето на овој, веќе традиционален турнир. Покровител како и секоја, и оваа година е компанијата „Комфи Ангел“. Турнирот и годинава ќе има хуманитарен карактер. Собраните средства ќе бидат наменети за децата со ретки болести, како што е цистичната фиброза за што пациентите имааат терапија преку целата година. Се надевам дека и годинава ќе имаме одговорни компании и субјекти кои ќе го поддржат турнирот и така ќе придонесат за собирање повеќе средства. Инаку, Прилеп ги почнува и подготовките за одбележувањето на патронот на градот, „Свети Никола“ на 19 декември. Лани беа собрани околу 180.000 денари и беа наменети за новиот Дневен центар на лицата со церебрална парализа“, рече Јованоски.

Kоорганизаторот, прилeпскиот Спортски сојуз е задоволен што продолжува хуманитарниот карактер на турнирот.

„Наградниот фонд останува како лани, 330.000 денари, односно за освоено прво место е 160.000 денари, за второ – 90.000, а за освоено трето место на турнирот наградата е 60.000 денари. За ветераниете наградата е 20.000 денари, а пионерите ќе бидат наградени со спортска опрема. Пријавувањето на екипите е до 4 декември, а котизацијата е 5.000 денари за сениорите, 3.000 денари за ветераните и по 1.500 денари за пионерите, објаснува Рубинчо Илиоски од локалниот спортски сојуз.