Home Шоубизнис Почина легендарниот басист од „Прљаво казалиште“: Дубравко Ворих ја изгуби битката со ракот

Почина легендарниот басист од „Прљаво казалиште“: Дубравко Ворих ја изгуби битката со ракот

Минатата пролет на музичарот Дубравко Ворих му беше дијагностициран тежок карцином, додека бендот беше на австралиска и американска турнеја. Денес, легендарниот басист на „Прљаво казалиште“ ја загуби битката со тешката болест и почина во Загреб, на 59-годишна возраст.

Беше еден од најдобрите хрватски басисти, а со „Прљаво казалиште“ свиреше повеќе од една деценија.

По враќањето во Загреб од австралиско-американската турнеја, „Прљаво казалиште“ спремаа спектакуларен концерт на домашен терен кој Ворих во никој случај не сакаше да го пропушти. На лична иницијатива свиреше на тој концерт, а а веќе следниот ден замина на операција.

Музичарот почина во загрепската болница.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Хју Џекмен во одлична форма на утринско пливање на плажата Бонди (ФОТО)

Хју Џекмен го започна денот со пливање на плажата Бонди во Сиднеј. Подоцна се сретна со св…